Кристина Калдерон, е последниот човек кој го зборувал древниот чилеански јазик- јаган. Таа почина на 93 години а нејзината смрт е силен удар за културата на крајниот југ на земјата. Во 2009, чилеанската влада ја прогласи Калдерон за „живо човечко богатство“ .
Мелодичниот јазик јаган нема пишана форма. Калдерон се обиде да го зачува своето знаење па создаде речник на јазикот кој беше преведен на шпански. Откако почина нејзината сестра во 2003, таа остана последниот човек кој можеше да го зборува јазикот.
„Заедно со неа, замина важен дел од културната меморија на нашиот народ“, рече ќерката на Калдерон, Лидија Гонсалес.
Иако сè уште има десетици живи припадници на јаганската заедница, низ генерациите, луѓето престанале да го учат јазикот, кој се смета за изолиран, зашто било тешко да се одреди потеклото на зборовите.
Јаганскиот народ живеел во зафрлен регион на Чиле околу 6.000 години и имал 3.000 припадници пред да дојдат европските доселеници пред 150 години.