Исчистете го организмот после празниците

Исчистете го организмот после празниците

пред 3 години

Во деновите после празниците бидете нежни и милозливи спрема своето тело, измачено со празнична храна.

1. Веднаш после будењето

Напиток од половина лимон, една чајна лажица куркума и пола лажичка цимет. Млака вода.

  • пред спиење: 300 мл. вода со 1/3 лажичка сода бикарбона и половина лимон.

2. За брзо подигнување на организмот

  • 1/2 зелени јаболки
  • 1 цвекло
  • 2-3 струка целер

Сите состојки ставете ги во соковник. Кога ќе биде готово, лесно сипете го во шолја, промешајте и напијте се веднаш.

3. Освежувачки ручек

Чорба/супа од моркови и ѓумбур (за четири личности):

  • 900 гр. изрендани моркови
  • 2 кромиди
  • 5-7 шолји пилешка супа
  • 3 супени лажици свеж изрендан ѓумбир
  • 3 чешњиња лук
  • 1 шолја кефир
  • морска сол или црн бибер по вкус
  • 2-3 лажици прочистен путер кој можете да го најдете во продавниците за здрава храна или да го припремите сами (поготовката можете да ја прочитате подоле во продолжение)

Подготовка:

Заедно ставете ги морковите, пилешката супа и лукот и гответе сѐ додека не се карамелизира. Сето тоа сипете го во блендер и блендирајте ги сѐ додека не добиете глатка изедначена маса. Претурете во чинија. додадете кефир и зачини по желба.

Подготовка на прочистениот путер во домашни услови:

Земете што поприроден несолен путер, ставете го во сад на силен оган и пуштете го да се истопи. Кога после десеттина минути, сосема се истопил, намалете го огнот и оставете го да се готви уште 45 минути на лесен оган. За тоа време на врвот и на дното од смесата ќе се појави нечистотијата. Она што е на врвот, остранете го. Немојте да ја мешате смесата, но постојано отстранувајте ја пената од површината. По 45 минути, оставете го прочистениот путер да се излади и потоа процедете го низ газа или низ сито во тегла.

4. За рамнотежа на хормоните

  • две крставици
  • прстофат босилек
  • 1 брокула
  • 1/4 главица зелка
  • 1 шолја расад

Сите состојки заедно измешајте ги во соковник, пресипајте, лесно промешајте и напијте се веднаш.

И така сѐ до Велигден или некое ваше семејно празнување.

Share
Scroll to Top