Италијанските медиуми објавија дека Пандев ќе игра уште една година за Џенова па ќе се пензионира

Италијанските медиуми објавија дека Пандев ќе игра уште една година за Џенова па ќе се пензионира

пред 3 години

Поранешниот капитен на македонската репрезентација, Горан Пандев, најверојатно ќе го продолжи договорот со Џенова на уште една година, тврди најголемиот спортски весник во Италија, „Газета Дело Спорт“. Според нив Пандев ќе ја прифати понудата од Џенова, која ќе биде последна во неговата кариера, а по завршувањето на следната сезона ќе се пензионира како играч.

Пандев последните шест месеци неколку пати најавуваше дека ќе престане да игра по Европското пренство, но до сега тој официјално не ја објави својата одлука.

Некогашниот капитен, игра во Џенова од 2015 година. За клубот досега одигра 156 натпревари и постигна 28 голови.

Share
Scroll to Top