Италијанско списание објави песни од Ацо Шопов за неговиот 98. роденден

Италијанско списание објави песни од Ацо Шопов за неговиот 98. роденден

пред 2 години

Италијанското списание „Нуови аргоменти“ објави избор песни од Ацо Шопов, во чест на 98-годишнината од неговото раѓање. Песните на Шопов, еден од основоположниците на современата македонска поезија, се објавени во рубриката „Поетска работилница“..

Песните „Грозомор“, „Има долу една крв“, „Песна“, „Обична улица“, „Молитва за еден обичен, но уште непронајден збор“, „Шеста молитва на моето тело“ и „Деветта молитва на моето тело“, но и поемата „Долго доаѓање на огнот“, ги препеа италијанската поетеса Мија Леконт во соработка со италијанистката Анастасија Ѓурчинова.

Списанието „Нуови аргоменти“ во 1953 го основаше Алберто Моравија. Во 1956 му се приклучи Пјер Паоло Пазолини, кој бил уредник од 1966 до 1975 година.

Share
Scroll to Top