Актуелниот градоначалник на Аеродром, Тимчо Муцуски, пазари сам во супермаркет. Фотографиите се направени во неделата кога повеќето продавници не работат, а градоначалникот беше во еден од познатите маркети во Аеродром во „Капитол мол“.
На фотографиите се гледа дека Муцунски го почитува редот на каса и чека за наплата додека дел од граѓаните што го препознаа се поздравуваа со него.
За пазарење, тој е облечен е во лежерна варијанта, црни тренирки и спортски патики, сосема спротивно од она што му ја наложува позицијата на која е во моментот. Оттука и шегите на социјалните мрежи: каков градоначлник на Аеродром е Тимчо ако не шета низ маало во тренирки.
Со години за аеродромци тренирките се препознатлив имиџ за прошетки во маало. И таа приказна никогаш не застарува.
Тимчо Муцунски лани беше избран за градоначалник на општина Аеродром, а во 2020 година беше избран за пратеник во Собранието.