Помладата ќерка на пејачката Јелена Карлеуша, Ника се најде на мета на вербални напади на популарната социјална мрежа „Тик-ток“. Еден од нејзините пријатели на едно од нејзинитеобјавени видеа и напишал недоличен коментар и ја навредил со погрдни зборови.
Таквиот коментар силно ја погодил Ника, која која не му остана должна и веднаш му одговори со ново видео во кое таа му порача дека имала за цел само да ги забавува фановите.
„Сега имам и хејт коментар. Јас сакав само да уживате во моите видеа, но изгледа дека ова лице не уживаше и ме навреди. Не е тоа убаво. И другите луѓе имаат чувства, исто како ти“, му напиша Ника.
Ника редовно објавува видеа на популарната друштвена мрежа „Тик-ток“ и често се наоѓа на мета на навреди. Покрај Ника, Карлеуша со Душко Тошиќ ја имаат и една година постарата ќерка 12 годишната Атина.
Карлеуша за своите ќерки вели дека се фини и прекрасни. Воспитани се како што треба и ги имаат сите петки во школо. Таа за себе вели дека и покрај тоа што за неа се зборуваат многу работи во јавноста, таа е прекрасна мајка.
„Можам само да ви кажам дека моите деца се горди на мене, исто како што сум и јас на нив“, изјавила Карлеуша.