Пејачка Лепа Брена (64) на Инстаграм објави сторија во која најавува нов концерт и покрај неодамнешната повреда на глуждот и операцијата на Клиниката за трауматологија во Загреб.
Брена откри дека на 31 декември ќе настапи во белградскиот Сава центар.
И„Се гледаме, вашата Брена ве сака!“ напиша таа во објавата и го додаде текстот на песната на Квин, The Show Must Go On.