Викендов во скопскот кафуле „Долап“ се одржа промоцијата на книгата „Каде е Емили?“ од авторката Емилија Златкова Анастасова. Промотор на промоцијата беше уредничка на издавачка куќа „Полица“ која стои зад овој роман, Зорица Теофилова.
„Каде е Емили?“ е продолжение на романот „Близнаци“ кој е напишан пред повеќе до дваесет години, но читателите имаа можност да се запознат со него изминатата година. После приказната за Емили е предвиден уште еден роман, со кој официјално ќе се заокружи триологијата.
“Каде е Емили?” е моја прва книга, по желба на читателите. Книга која ја напишав како продолжение на Близнаци, кој го имав напишано пред дваесетина години, ама беше објавен 2020 г. и кој читателите посакаа да видат продолжеток. Па благодарение на читателите, решив да биде трилогија Близнаци. Мило ми е за овие две промоции на „Каде е Емили?“ – минатата недела во Штип и денес во Скопје. Јас „народски” човек, па секогаш сакам собири и дружби, па користам секој повод да сум иницијатор на такви собири, макар и во ограничени услови поради пандемијата. Сепак покрај сите пречки сум задоволна од двете промоции“, вели Златкова Анастасова за „Репортер“.
Златкова – Анастасова на својата промоција говереше за нејзината претходна книга „Неверство“, а присутните имаа уникатна можност да ги споделат своите импресии од нејзините претходни дела.
„Неверство е трилер, кој планирам да биде серијал, со засебни приказни, ама во кој јас сама сакам да се обучувам во градењето на карактерите на неколку исто ликови. Книга иако трилер, со порака за вредноста на довербата и пријателството. Здравје, пред нова година втора книга од овој серијал“, вели таа.
Минатата година Златкова – Анастасова во скопското кафуле „Амбрела“ ја промовираше нејзината книга „Детето во снегот“, посветена на нејзиниот син, но и на сите останати деца кои имаат аутистично нарушување. Кое за жал е доста сензитивна и за жал доста актуелна тема во последно време.
„Со Полица почнав да соработувам од август 2020 кога се договоривме за објавување на “Детето во снегот”. Соработката со нив ми се допаѓа затоа што се доста флексибилни и знаат да ми ја препознаат визијата околу објавување на книгите. Имаме супер комуникација и тоа ми е најважно. Детето во снегот е мојата најинтимни книга, најмногу од мене, од мојот внатрешен човек. Таа книга е доживувањето на мојот внатрешен човек на реалните, надворешни проблеми со кои се соочувам како родител на дете со аутизам. Книга за разбудивањето, за разбирање на убавината на животот во малите нешта“, искрено ни раскажа таа.
Емилија Златкова Анастасова е родена 1982 година во Кочани. Од петтата година живеела во Пробиштип, каде завршува основно и средно училиште. Завршува македонска книжевност и македонски јазик на факултетот „Блаже Конески“ во Скопје. Моментално живее и твори, во Велес. Автор е на книгите: „Волшебното Синџирче“ (роман за деца и млади), „Нов Ден, Нова Песна“ (поезија), „Поглед Кон Невидливото“ (збирка драми) и „Близнаци“, “Детето во снегот”, “Неверство” и „Каде е Емили?“.
Марија Прличкова