Изминавата година, многумина од нас ја доживеаа работата од дома со сите нејзини предности и недостатоци, па доста од нас сфатија колку е важно да се прилагоди просторот и на тоа. Иако немаме сите доволно простор еден дел од домот да го претвориме во оаза за релаксација, сепак постојат некои решенија кои можат да го направат домот потопол и попријатен, но и доста модерен.
Кадифените материјали обично се врзуваат за постудено време, а идеалното парче на кое може да се опуштите и загреете се бушавите софи.
Љубителите на минималистичките, бохо и електро боите во домот со задоволство го прифатија т.н „теди“ софи и фотелји и веќе некое време со нив ги украсуваат своите салони.
Софите и фотелјите „Теди“ со неверојатна леснотија се вклопуваат во секој ентериер, без разлика на стилот.
Тие брзо стануваат фокусна точка на целата соба, а нивниот мек и смирувачки изглед е привлечен за многумина.
Одлично оди со масивно дрво, јута, кожа и доволно е само едно парче за да се создаде „пријатна“ атмосфера во студените денови.






