Како да го поправите здравјето уште од денес

Како да го поправите здравјето уште од денес

пред 3 години

Немојте да заборавите дека за целокупното здравје на организмот, освен вежбањето и исхраната, доста битно е и менталното здравје. Ви носиме совети кои ќе ви го олеснат здравиот живот:

Променете ја исхраната

Изворот на младоста се наоѓа во вашиот ладилник, и тоа е одлично место за почеток на промените. Исфрлете ја пржената и брза храна од својата прехрана. Притоа, добро би било да го исфрлите или намалите внесот на рафиниран шеќер, сол или преработени маснотии.

Пробајте во исхраната да вклучите што е можно повеќе зелен зеленчук, како и смутија и лимонада.

Размислувајте за јадења на билна база

Освен што ваквите јадења ќе ве вратат во живот и ќе ви го исчистат организмот, со таква исхрана ќе изгубите и килограми, ќе го нормализирате холесторолот во крвта и крвниот притисок, ако имате проблем со тоа.

Секако тоа не значи дека не можете да јадете животински производи, ако тоа го сакате, секако дека можете, но не смеете да заборавите на зеленчукот.

Вежбајте кога било и каде било

Вежбањето не значи само кревање тегови во вежбалница. Сименете се една станица порано и прошетајте се до куќата, немојте секаде да одите со автомобил. Шетајте, бидете активни, возете велосипед или ролерки. Бидете креативни, но секако останете активни. Притоа, не ви треба членска влезница во вежбалница затоа што денес доста вежби можете да ги пронајдете на интернет и да ги правите од дома.

А сите оние изреки како: „навистина немам време“, исфрлете ги од глава. За сѐ можете да најдете време. Само треба да бидете истрајни.

Подготовка на оброци

Подгответе храна уште на почетокот на неделата, ќе си направете услуга сами на себе. На интернет можете да најдете бројни рецепти, така што ќе можете да го пронајдете и да ги промените своите „лоши“ навики уште денес.

Дарувајте љубов

Немојте да заборавите дека освен вежбањето и исхраната, доста битно е и менталното здравје затоа што без него нема помош. Помогнете си себеси, а потоа на крајот и на другите луѓе. Помогнете на оној кому гледате дека му е потребна помош, бидете љубезни, дајдете им на другите поддршка.

Отворете му врата на постариот сосед, помогнете ѝ на бабата од соседството носејќи ѝ ги торбите до станот, купите некому топол оброк ако видите дека тој не е во можност. Ќе се чувствувате како да сте постигнале нешто големо. Со тоа ќе го добиете најголемиот подарок.

Share
Scroll to Top