Како да знаете дека разводот е добра одлука

Како да знаете дека разводот е добра одлука

пред 3 години

Не е тајна дека поднесувањето барање за развод е сериозна одлука која не треба да се сфати лесно. Постојат многу фактори кои треба да ги земете в обѕир. На прво место тука се децата, а потоа и вашата среќа, подобрите услови за живот, финансиите… Исто така, важно е да размислуате однапред. Не треба да бидете заглавени во сегаѓниот момент, туку треба да размислувате за тоа како ќе се чувствувате за неколку години. Замислете го животот без својот сопруг, доколку, пак, не можете да го сторите тоа, тогаш побарајте стручна помош и заедно со партнерот решавајте ги проблемите затоа што можете да ја вратите семејната среќа.

Иако разводот е најдобра одлука за некои парови, другите повеќето време ќе жалат за стариот живот.

Кое решение е најдобро? Како да бидете сигурни во својата одлука? Кој може да ви гарантира дека ќе биде подобро вака или онака? Ова се само дел од прашањата кои се јавуваат, затоа за вас издвоивме четири фактори кои можат да бидат од помош доколку размислувате за развод.

Финансии

Разводот сам по себе е скапа постапка особено доколку не можете да се усогласите со сопругот околу имотот и старателството над децата, затоа што тогаш се вклучуваат и адвокатите. За личностите со мали или никакви приходи разводот не е најдобра опција. Меѓутоа, доколку сте сигурни дека на вашиот брак му нема спас, тогаш не треба ни да се казнувате себеси.

Децата се најмногу погодени од разводот

Разводот е тешко и стресно искуство, ќе ги погоди како младите, така и старите деца. Децата така стануваат сведоци на исчезнатата љубов помеѓу родителите која неретко прераснува во презир и непочитување на брачните завети. Прилагодувањето на непрестајното движењето помеѓу двата поделени родители и двата поделени домови, како и секојдневното отсуство на еден од родителите додека живее со другиот создава нови непријатни и предизвикувачки околности кои стануваат секојдневие за децата.

За младите деца, разводот често значи губење на домот од детството, напуштање на саканите пријатели и комшии, а понекогаш и селидба во друг град или упис во друго училиште. Мора да водите грижа за прераспределеното време колку детето ќе биде со другиот родител. Родителот кој дотогаш бил без работа ќе мора да бара работа и тоа повторно ќе влијае врз детето затоа што навикнало да биде со него дома.

Во основа, разводот ќе нанесе одредени последици по емоционалната состојба на детето. Меѓутоа, некогаш разводот на родителите е најдобра опцијата за децата.

Може да се случи вашата следна врска да биде нималку подобра од претходната

На некого му се потребни години за да се опорави од разводот, додека други веднаш се впуштаат во нови врски. Она што е најважно е доколку сакате себеси да си дадете нова шанса за љубов, потребно е во потполност да се помирите со разводот, но и да размислите каква ќе биде вашата улога во колапсот на бракот, бидејќи во спротивно ќе ги повторувате истите грешки и ќе бидете подеднакво несреќни како во првиот брак.

Вашата точка на гледиште може да се промени со тек на време

Оддалеченоста навистина прави чуда, колку подолго сте оддалечени од сопругот кој некогаш ве излудувал, толку повеќе во вашите очи ќе станува попривлечен, особено кога ќе го споредите со она што моментално ви е достапно. Колку и да сака некоја личност развод, обично толку постои и силно чувство на каење поради неуспешната врска особено кога се во прашање долгогодишни партнери.

Share
Scroll to Top