Францускиот претседател, Емануел Макрон, кој во декември се зарази од коронавирусот, вчера објави дека тој и неговата сопруга Брижит се вакцинирале.
Тој ги повика сите Французи да го сторат тоа.
„Како Брижит, како и 25 милиони Французи, и јас се вакцинирав. Ајде да се вакцинираме и да ги заштитиме своите најблиски“, напиша францускиот претседател.
Макрон беше тестиран и позитивен на 17 декември, а неговата сопруга една недела подоцна.
Макрон ја прими вакцината кога во Фрација се вакцинираат сите возрасни категории, без разлика на годините.