Македонскиот тенисер Калин Ивановски обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот во Тунис.
Калин денеска беше подобар од Французинот, Артур Букие со 2-0 во сетови.
Ова е трета победа на Ивановски на турнирот и тоа без загубен сет, а засега нема загубено сет и во полуфинале ќе се бори против Тао Му или Федерико Јаноконе.
Тенисерот кој е 534 на АТП листата е прв носител на овој турнир.