Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски се пласираше во осминафиналето на ИТФ фјучерс турнирот во Монастир, Тунис. Тој со 6-3 и 6-3 го победи Олаф Печковски од Полска.
Ивановски, кој се наоѓа на 534. место на АТП листата, е прв носител на овој турнир.
Македонскиот тенисер минатата недела учествуваше на уште еден турнир во Монастир, но беше поразен во финалето.