Канелони со спанаќ - Reporter.mk

Канелони со спанаќ – Reporter.mk

пред 3 години

Потребни состојки:

0,5 кг спанаќ
сол и црн пипер
¼ шолја маслиново масло
2 главици кромид, ситно сечкани
200 гр овчо сирење, дробено
½ шолја пекорино, рендано
1 ¼ шолја леб, сечкан на коцки
2 големи лажици маслиново масло
1 пакување канелони
2 шолји сос од домати
½ шолја лебни трошки

Начин на подготовка:

Измијте го спанаќот и ставете го во солена вода да се обари. Сварените листови полијте ги со студена вода, па исечете ги на помали парчиња. Загрејте ¼ шолја масло. Додадете го кромидот и пропржете го околу 3 минути. Додадете го сечканиот спанаќ и динстајте на умерен оган околу 2 минути. Оставете да се излади. Додадете ги сирењето, ¼ шолја пекорино и лебни коцки и промешајте. Зачинете со сол и црн пипер и тргнете го садот од оган. Додадете го сосот од домати.
Загрејте ја рерната на 180 степени. Премачкајте го садот за печење со масло. Наполнете ги канелоните со смесата и потоа ставете ги во садот за печење. Премачкајте ги со масло. Во меѓувреме, измешајте лебни трошки и ¼ шолја пекорино и попрскјате го тоа врз канелоните.
Печете 15-20 минути. Сервирајте веднаш, со малку сос од домати.

Share
Scroll to Top