Карди Б објави видео од теретана 8 дена по породувањето, луѓето ја критикуваат

Карди Б објави видео од теретана 8 дена по породувањето, луѓето ја критикуваат

пред 2 месеци

Раперката Карди Б го роди своето трето дете на 7 септември. Веќе осум дена по породувањето, таа на Инстаграм објави дека почнала да вежба во теретана, што налути некои нејзини следбеници.

„Едвај помина една недела. Притисокот под кој се наоѓаат жените во индустријата е неверојатен“, коментира еден следбеник.

Карди Б реши да одговори на тоа.

„Ова е мое трето бебе и постпарталниот период е малку поинаков од првите два. Не кревам тегови, нема оптоварување на мускулите, нема клекнувања, ништо слично… Само кардио. Понекогаш за да избегнете постпородилна депресија требате да го задржите умот зафатен, а за мене тоа е работата и вежбањето, но знаеш што е смешно“, напиша таа и продолжи:

„Ме нападнавте кога се здебелив седум килограми затоа што бев бремена во петтиот месец, а сега сте лажно загрижени и сакате да зборувате за притисок?“.

Share
Scroll to Top