Карневалот во Рио во 2022 година ќе трае четириесет дена

Карневалот во Рио во 2022 година ќе трае четириесет дена

пред 3 години

Најголемиот карневал во светот, што се одржува во Рио де Жанеиро, догодина ќе трае 40 дена. Уличните паради, забавите и танцувањето ќе се одржат од 27 јануари до 6 март 2022 година, соопшти компанијата за развој на туризмот во Бразил, Риотур.

„Одлучивме многу порано да ги објавиме деталите за карневалот, така што најголемиот празник во Рио де Жанеиро ќе биде блескав“, рече шефицата на Риотур, Даниела Маја.

Организаторите нагласија дека сепак може да дојде до промени, врз основа на епидемиолошката ситуација на почетокот на следната година.

Бидејќи популарниот карневал не се одржа годинава, во 2022 година е планирано да се одржат околу 500 улични карневалски поворки, паради и претстави. Се очекува организацијата на овој настан да чини околу 650 илјади долари.

Во 2021 година, поради пандемијата, карневалите беа откажани во цел Бразил. Иако се размислуваше тие да се одржат во јуни или јули, властите решија целосно да ги откажат до крајот на годината.

Пред две години, на последниот карневал во Рио учествуваа околу седум милиони луѓе.

 

Share
Scroll to Top