Катар ќе го размонтира стадионот „974“ и ќе го подари на друга земја

Катар ќе го размонтира стадионот „974“ и ќе го подари на друга земја

пред 2 години

Од седумте стадиони кој Катар ги изгради за Светското првенство, еден беше од привремен карактер. Стадионот „974“ ја заврши својата улога со мечот Бразил-Јужна Кореја во осминафиналето и ќе биде размонтиран. Садионот иако беше направен од рециклирани транспортни контејнери и челик, чинел 200 милиони долари.

Засега не се знае што ќе се случува со стадионот. Се зборуваше дека ќе биде подарен на некоја земја, а медиумите пишуваа дека монтажните елементи ќе бидат превезени во Африка или Уругвај, кој би можеле да се домаќини на СП 2030.

Во моментов се финализира временската рамка за целосно демонтирање и пренамена на стадионот“, велат организаторите.

Стадионот со над 44.000 седишта го доби името според бројот на контејнери искористени за неговата изградба. Тој единствен немаше систем за ладење, па таму се играа само вечерни натпревари. „Фенвик Ирабарен архитектс“, студиото кое го дизајнираше, вели дека не сакале да изградат стадион кој би останал некористен или малку користен по завршувањето на првенството, како што беше случај во Јужна Африка, Бразил и Русија.

Катар вели дека има план и за останатите шест стадиони, од кои исто така ќе биде отстранет дел од седиштата.

Share
Scroll to Top