Иако Кралството Саудиска Арабија, кое се наоѓа во Азија, важи за модерна земја, сепак е многу приврзана за религијата, корените и традицијата. Со своите строги верски закони, отсекогаш предизвикувала љубопитност кај остатокот од светот.
Ова се некои од најинтересните факти за животот во ова кралство.
1. Саудиска Арабија е најголемата земја во светот која нема реки.
2. Според смртните случаи предизвикани од сообраќајќи, важи за една од најопасните земји покрај Малезија, Тајланд и Јужна Африка.
3. Во почетокот на 80-тите властите ги затвориле сите кина и граѓаните можеле да ги гледаат холивудските блокбастери само во соседните земји Дубаи и Бахреин. Иако пред неколку години забраната беше тргната, сепак филмот „Black Panther“ беше цензуриран, односно беа исечени сите сцени со бакнување.
4. Во продавниците нема гардеробери, освен во некои од најпознатите западни брендови. Жените купуваат облека од око, која ја пробуваат дома, а ако не им прилега, ја враќаат назад.
5. Првите кафулиња се отворени кон средината на 15 век во Мека. Кафето е забрането бидејќи е стимуланс.
6. Прават луксузни свадби, но мажите и жените ја слават свадбата посебно, понекогаш дури и во различен ден. Во одреден момент од церемонијата, младоженецот и невестата се спојуваат.
7. Во кафулињата и рестораните има два оддели: за слободни мажи и за семејства. Немажените девојки може да бидат во делот за семејство, но никако не им е дозволено да бидат во делот за мажи.
8. Сите обврски се планираат според времето на молење. Се молат пет пати на ден, а за време на молитивата сè запира, така што во тој момент не работат бензинските пумпи, кафулињата и продавниците.
9. Кралот на Саудиска Арабија е осмиот најмоќен човек во светот, според списанието Форбс.
10. Има повеќе нафта од која било друга земја во светот.
11. До пред неколку години не беа добредојдени туристи во земјата, односно дојденци се примаа само во Мека и Медина, нејзините најсвети места. Саудиска Арабија важи за центарот на исламот.
12. Месото од камила е најскапоцено.
13. Сега секој може да аплицира за туристичка виза и на туристките им е дозволено незамисливото – да шетаат без абаја (традиционална наметка што го покрива телото), иако до неодамна сите жени во јавност мораа да ја носат, односно да ги покријат рацете и нивните лица со хиџаб. Сега, откако оваа забрана е тргната, жените не мора да го кријат лицето, па најчесто носат само марама врз главата.
14. Во земјата постои т.н. „полиција на моралот“ која внимава дали жените се соодветно облечени, дали некој продава илегални супстанции и дали паровите непристојно се однесуваат на улица, на пример се држат за раце. Додека порано оваа необична полиција можеше да ги осуди граѓаните на удари со стап, казна, па дури и затвор, сега може само да даде усна опомена.
15. Жителите кои не се муслимани немаат право на државјанство.
16. До 2018 година Саудиска Арабија беше единствената земја во светот во која на жените им беше забрането да возат.
17. Повеќе од 95 проценти од површината на земјата е пустина или е полусушна. Овде се наоѓа и најголемата пустина во светот – Ал Нафуд.
18. Во главниот град Ријад со 9 милиони жители има само 6 автобуски рути, јавниот превоз им е на ужасно ниво. Овде се наоѓа и „Пазарот на камили“, кој е еден од најголемите пазари во светот каде дневно се продаваат до 100 камили.
19. Овде, камилите се прашање на гордост и симбол на земјата, а се одржува и годишен натпревар на убавина за камили, а сопственикот добива огромна парична награда.
19. Најпопуларен спорт помеѓу саудиските жени е фудбалот.
20. Владејачката династија во оваа земја се состои од 15.000 луѓе, па не е чудно ако на улица наидете на некој принц или принцеза, кој/а буквално се расфрла со пари.