Кафе-муабет со Ивана Манас: Работите што сакам да ги направам ги смислувам во моментот

Кафе-муабет со Ивана Манас: Работите што сакам да ги направам ги смислувам во моментот

пред 5 години

Секој ден ми е различен од претходниот, зависи од тоа каде се наоѓам во моментот, дали имам работа или не. Најчесто работите што сакам да ги правам ги смислувам во моментот. Единствено нешто што секое утро веднаш по будењето пијам кафе. Кафето сакам да го пијам сама со себе, така ми е најслатко. Топло американо без шеќер, па дури и во лето.

Моментално во мојот живот нема голема разлика помеѓу викендот и кој било друг ден од неделата.  Идеално викенд утро би било будење дома со љубовта и прошетка со кучето рано наутро.

Утринската нега за убавина ми почнува со миење на лицето. Потоа ставам серуми и креми, а за крај неколку минути се гледам во огледало и си кажувам позитивни афирмации сама на себе.

Стајлингот најчесто ми зависи од расположението, но и од работите што ги имам во текот на денот. Во овие жешки летни денови најважно ми е да се чувствувам удобно.

Работата, честите патувања и фотосесии ми влијаат многу на расположението, но позитивно. Моментално се наоѓам токму онаму каде што долго време сонував да бидам и не можам да бидам поблагодарна за можностите кои ги имам.

Кафе-муабет со Ивана Манас, интернационален модел

Share
Scroll to Top