Американскиот пливач Кејлеб Дресел (24) го освои петтиот златен медал на Олимпијадата во Токио. Со тоа стана првиот спортист што освоил пет злата на оваа Олимпијада, но и еден од најдобрите во историјата на Олимписките игри.
Дресел беше дел од 4х100 метри мешана штафетата на САД, која постави светски рекорд од 3:26.78 и заедно со Рајан Марфи, Мајкл Ендру и Зек Епл ја продолжи традицијата Американците никогаш да не загубат во оваа трка на некоја Олимпијада.
Претходно Дресел победи и на 50 метри слободно и постави олимписки рекорд од 21.07. Тој победи и на 100 метри слободно, постави светски рекорд на 100 метри пеперутка и беше дел од 4х100 метри слободно штафетата на САД.
Дресел се приклучи на Мајкл Фелпс, Марк Спиц и Мет Бјонди и на Кристин Ото, како единствени пливачки кои освоиле пет злата на една Олимпијада. Фелпс тоа го направи на три Олимпијади.
Претходно, Кејлеб Дресел беше избран за најзгоден спортист на Олимпијадата во Токио.
Aмериканскиот пливач Kејлеб Дресел е најзгоден спортист на Олимпијадата