Фустанот на Ејми Вајнхаус од последниот концерт во Белград се продаде за 243.000 долари

Фустанот на Ејми Вајнхаус од последниот концерт во Белград се продаде за 243.000 долари

пред 2 години

Фустанот кој Ејми Вајнхаус го носеше на својот последен концерт во Белград кој беше во јуни 2011 се продаде на аукција за 243.000 долари. И ова е 16 пати пскапо од првичните проценки кои ги имаа организаторите . Познатата англиската пејачка почина на 27 години само еден месец откако имаше настап во Белград, кога беше многу пијана, а публиката ја исвирка на настапот. Декка е во лоша физичка состојба дополнително се гледаше. Таа го носеше тесниот зелено-црн фустан со мотиви на цвеќиња и бамбус, кој го дизајнираше стилистката Наоми Пери. Покрај фустанот, на аукцијата во САД беа понудени повеќе од 800 предмети поврзани со пејачката, од чија продажба беа собрани повеќе од четири милиони долари.

Share
Scroll to Top