Кејти Холмс тајно се венчала со италијанскиот готвач

Кејти Холмс тајно се венчала со италијанскиот готвач

пред 4 години

Актерката Кејти Холмс тајно се венчала со италијанскиот готвач Емилио Витоло, пренесуваат американските таблоиди. 41-годишната актерка и поранешна сопруга на Том Круз и нејзиниот осум години помлад дечко наводно тајно се венчале кај матичар, по 35 дена врска.

Сведок им бил таткото на Емилио, пренесува магазинот „ОК“. Извор близок до актерката  и нејзиниот нов избраник открил дека Кејт на церемонијата имала распуштена коса и била облечена во летен фустан со тренди јакна и високи потпетици.

„Кејт отсекогаш мислела дека е романтично да побегне некаде и тајно да се венча. Сега желбата ѝ се исполни“, изјавил изворот и објаснил дека таа нема намера да разменува брачни завети. Таа наводно сака да биде бремена од Емилио најдоцна до Божиќ, објаснил тој.

Изворот дополнил дека Кејт не чувствувала среќа во животот сè додека не го запознала Емилио. И додека двајцата уживаат во новиот брак, Кејт за својата тајна венчавка им раскажала на некои од нејзините пријатели. Таа засега сака венчавката да ја држи во тајност.

Кејти Холмс пред осум години се разведе од популарниот холивудски актер Том Круз, со кого ја има 14-годишната ќерка Сури.

 

Share
Scroll to Top