Кејт Мидлтон го сакала Хари па завршила со Вилијам

Кејт Мидлтон го сакала Хари па завршила со Вилијам

пред 3 години

Британските медиуми на големо пишуваат за љубовната животна патека на војвотката Кејт Мидлтон и животот кој го имала пред да биде со нејзиниот сопруг принцот Вилијам. Кејт и Вилијам се запознале во 2003 година, додека таа студирала на Универзитетот „Св. Ендрус“.

Но, малкумина знаат дека во тие моменти, срцето на Кејт и припаѓало на некој друг. „Стори.хр“ повикувајќи се на „Дејли Мејл“, кои пак се повикуваат на извор близок до палатата, пишува дека Кејт, пред да се заљуби во Вилијам, имала момче Хари Блекелок.

Двојката била во врска година дена, а иако биле одлучни во намерата врската да им успее, сепак Хари се одлучил да направи пауза во студирањето, за да може да го прошета светот. Со тоа тој ставил точка на неговата врска со Кејт.

Прекинот силно ја погодил Кејт, која во тој период често им зборувала на своите пријатели дека сака повторно да биде со Хари и дека многу го сака, објаснил изворот за „Дејли Мејл“.

И покрај желбата за да ја обнови романсата со Хари, две години по прекинот, Кејт го запознала атрактивниот принц Вилијам, а сè што се случило по таа средба, стана една од најубавите љубовни приказни од дворецот.

Двојката брзо стана нераздвојна, хемијата била очигледна, а Кејт од обична девојка, се претворила во принцеза од насловните страни на светските магазини.

Во врската кралската двојка имала голем број на подеми и падови, но по седум заеднички години, британскиот престолонаследник на крајот ја запроси својата девојка. Двајцата се венчаа година дена подоцна со огромна церемонија.

Денеска тие се во среќен брак и имаат три деца. Ги имаат седумгодишниот принц Џорџ, петгодишната принцеза Шарлот и тригодишниот принц Луис.

Share
Scroll to Top