Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон за прв пат во јавноста се појавија на церемонијата на Здружението на дописници од Белата куќа во Вашингтон, која беше организирана за прв пат по двегодишна пауза, поради короната.
Ким се појави во фустан од брендот Balenciaga и со накит од дизајнерката Лорејн Швотц, додека нејзиниот партнер носеше костум и очила од модната куќа „Прада“, избор на неговиот стилист Брит Тиодор.
Ова појавување на Ким Кардашијан по подолго време во јавноста покрена дебата на социјалните мрежи за имплантите во нејзиниот задник. Дел од нејзините обожаватели коментираат дека ја забележуваат промената кај Ким и нејзиниот задник, други пишуваат дека ја познаваат реалити ѕвездата пред пластичните операции, но и со нив, па тврдат дека таа ги извадила имплантите.