Кина го отфрли планот да се убијат сите домашни миленици на пациенти заразени со корона

Кина го отфрли планот да се убијат сите домашни миленици на пациенти заразени со корона

пред 3 години

Кинесктие власти го отфрлија планот да се убијат сите домашни миленици на пациенти со коронавирус. Ваквиот план беше отфрлен по силните негодувања во јавноста.

Градските официјални лица од местото Лангфанг во вторникот наредија целосно решавање од животните кои се чувани во затворен простор, од страна на лица позитивни на корона во округот Анчи, пренесе „Дејли мејл“.

Сепак жителите од градот во кинеската северна провинција Хубеи, во средата негодуваа, а по нивните реакции оваа наредба била запрена и итно повлечена.

На почетокот не било јасно дали некои од животните биле убиени пред директивата биде укината, но кинеските медиуми рекоа дека секое убивање престанало по 17 часот по локално време.

Биле забележани неколку случаи на корона кои се префрлиле од луѓето на домашните миленици, вклучувајќи кучиња и мачки, но, засега не е потврден ниту еден случај во кој животните им го пренеле вирусот назад на луѓето.

Наредбата за убивање на животните била најнова во агресивната политика на нулта толеранција на ковид од страна на Пекинг. Кинескиот претседател Си Џинпинг во средината на март рече дека земјата ќе остане на својата стратегија за нулта толеранција на ковид, пренесе кинеската државна телевизија.

Земјата во која вирусот се појави на крајот на 2019 година, главно ја држеше пандемијата под контрола и повеќе од година дена се немаше пријавено ниту еден смртен случај од коронавирус.

Високо преносливата варијанта на Омикрон претставува сериозен предизвик за таа стратегија, што ги наведе властите да затворат милионски градови.

Жителите од Џилин од петокот, по повеќе од три недели, за првпат можат слободно да се движат, соопштија од државната телевизија CCTV, повикувајќи се на известувањето кое го издаде градот.

Од нив се бара да носат маки и кога се во затворен простор и да ја почитуваат мерката за држење на растојание од еден метар. Забранети се јавни собирања во парковите и трговските центри.

Ширењето на Ковид 19 е ставено под контрола во градот Џилин, но, не и во остатокот на истоимената провинција, рекоа официјални лица на конференцијата за новинари, пренесе CCTV.

Share
Scroll to Top