Кина работејќи на биолошко оружје, го ослободил коронавирусот, тврди вирусологот Ли Менг Јан

Кина работејќи на биолошко оружје, го ослободил коронавирусот, тврди вирусологот Ли Менг Јан

пред 4 години

Пекинг работејќи на создавање на биолошко оружје, несакајќи го ослободил коронавирусот надвор од воената лабораторија во Вухан, открива кинеската научничка Ли Менг Јан, која поради притисокот на кинеските власти, мораше да побегне и да се сокрие во Америка.

Таа вели дека вирусот настанал во воената лабораторија и дека бил фабрикуван од ген на вирус за да се сокрие фактот дека властите работеле на развој на биолошко оружје.

Иако научниците ширум светот тврдат дека вирусот настанал по природен пат и дека во никој случај не би можел да биде вештачки создаден, Ли смета дека тој ги исполнува сите критериуми за да се смета за биолошко оружје.

Ли е професорка од најреферентната биолабораторија од Универзитетот Хонгконг, а од 28. април живее и работи во САД.

Таа тврди дека вирусот е значително вирулентен и може да предизвика голем број на жртви. Тој е многу заразен и лесно пренеслив. Често се пренесува преку респираторен пат во облик на аеросол. Релативно е отпорен на промените во животната средина, може да издржи транспорт.

На повеќе од 50 страни, професорката и нејзини тројца колеги од Кина, тврдат дека вирусот SARS-KoV-2, настанал во неколку светски лаборатории, од кои оние кои биле во Кина, биле ставени целосно под контрола на тамошната војска.

За една од главните автори на франкенштајн – вирусот, се смета доктор Женгли Ши, која во западните медиуми е позната и како „Бет-вумен“, (жена лилјак), која од 2012 година експриментира со лилјаци.

Професорката Ли Менг Јан тврди дека вирусот RaTG13, за кој во Вухан, „Бет-вумен“ и нејзините колеги велат дека го добиле во 2013 година од измет на лилјаци (а кој е 96% идентичен со SARS-KoV-2) е голема измама, која во светската GenBank е внесена преку фалсификат направен на компјутерите.

Нејзиниот труд е објавен на 8. октомври на истражувачкиот ковид-портал Zenodo: SARS-KoV-2. Таа за него вели дека претставува неограничено биолошко оружје, кое допрва ќе почне да ја тресе светската медицинска научна заедница.

Ова е втор труд со истите заклучоци добиени во период од седум дена. Првата студија е објавена во Америка од страна на научноистражувачката група Drastik, на чело со доктор Лаврен Селином, во чие портфолијо стои дека има 29 години стаж во медицинските истражувања.

Лаврен е воен ветеран кој има учествувано во војните во Авганистан и Ирак. Групата Drastik има составено листа од 36 точки за да ги потврди тврдењата дека вирусот SARS-KoV-2 би можел да потекнува од програмата за развој на вакцина.

Оваа група бара од администрацијата на Трамп, да не се ослонува на меѓународната научна елита и медиуми кои имаат финансиски интереси и да именува независна и објективна работна група, која ќе го утврди вистинското потекло на овој коронавирус.

Научниците од Drastik се ангажирани од Граѓанската комисија за национална безбедност на САД. Сите овие работи се случуваат откако претседателот на САД, Доналд Трамп, во понеделникот излезе од болница и симнувајќи ја маската ги повика своите сонародници да продолжат со нормалниот живот.

Професорката Ли Менг Јан во Америка е дочекана како кинески Сноуден, кој треба да сведочи за кинеската одговорност за појавата на заразата. Во меѓувреме, откако таа за првпат прозборе за биотеризмот на „Фокс њуз“, на средината на септември, нејзините налози на социјалните мрежи во САД се суспендирани.

Минатата недела нејзината мајка била уапсена во Кина, а нејзиниот најнов труд сигурно нема да и донесе голема популарност во рамките на Светската здравствена организација. Таа претходно тврдела дека лично го известила својот шеф, првиот човек на најпрестижната лабораторија на светот, инаку експерт во СЗО, за своите истражувања дека вирусот е плод на кинеска лабораторија.

Според нејзините зборови, шефот ја советувал да молчи за целата работа, заради нејзина безбедност. Поради тоа таа се одлучила да побегне во САД.

Според извештајот на Ли Менг Јан, вирусот RaTG13 има повеќе ненормални карактеристики. На почетокот се тврдело дека бил изолиран од фекалниот примерок. Сепак, само 1,7% од очитувањето на секвенцирањето било бактериско, а обично примероците од фекалните брисеви, се 70 до 90% бактериски.

Второ, геномската секвенца за RaTG13 содржи сегменти од потекло, кои не се од лилјаци, туку од лисици, летачки лисици, верверички и други животни.

Доказите тука јасно покажуваат дека сите нови вируси од семејството на корона, кои неодамна биле објавени од лабораториите под контрола на СЗО, се измама и дека истите тие не постојат во природата.

Невозможно е аминикиселинската секвенца на протеин E, да остане непроменета кога вирусот наводно во повеќе наврати ја има преминато бариерата, се тврди во трудот на професорката.

Така на пример вирусот има преминато на повеќе видови животни од различни видови на лилјаци. Од лилјак на панголин, а потоа од панголин на човекот, тврди професорката Ли.

 

Share