Кинескиот пливач Женг Тао, иако нема раце, освои четири златни медали на Параолимпијадата во Токио. Тој победи во трките со слободен, грбен и пеперутка стил, а сите негови победи беа дополнети со светски или параолимписки рекорд. Тао ги изгубил рацете како дете, од електричен удар.
„Види колку брзо можам да пливам иако немам раце“, ѝ кажа Женг по една од победите на својата двегодишна ќерка.
Трката на 50 метри грбно, на која постави и светски рекорд, ја почна така што се одби од блокот држејќи чаршав со забите.
Според кинеските медиуми, Женг се подготвувал за Параоилипијадата така што пливал најмалку десет километри на ден. Тој почнал да плива на 13 години, а на 19 години веќе се натпреваруваше на Светското првенство во Холандија. Првото параолимписко злато го освои во Лондон во 2012 година.