Кијану Ривс непријатно беше изненеден од ставовите на Метју Пери, кои актерот ги наведе во своите мемоари. Кијану смета дека тие коментари се несоодветни, рекол извор за американските медиуми, и додал дека филмот „Matrix“ бил споменуван неколку пати во истата книга.
„Тоа некако му се врати на Пери, за што требаше да се извини“, додаде тој.
Познатиот актер од серијата „Пријатели“ издаде соопштение во кое му се извинува на Ривс, пред излегувањето на неговата книга.
„Инаку, го обожавам Кијану, само одбрав случајно име, тоа е моја грешка и се извинувам поради тоа“, изјави тој за магазинот People и додаде дека требало да си го стави своето име.
За потсетување, Пери предизвика бура на социјалните мрежи откако во своите мемоари „Friends, Lovers and the Big Terrible Thing“ напиша: „Зошто умираат оригинални мислители како Ривер Феникс и Хит Леџер, но Кијану Ривс сè уште шета помеѓу нас?”
Во извадокот од книгата се чини како Пери едвај да може да го задржи својот презир кон ѕвездата од „Matrix“, со која изгледа дека никогаш не соработувал – додека разговара за нивниот заеднички пријател Ривер Феникс, кој почина во 1993 година од предозирање со дрога на само 23 години.