Трендовите се вртат во круг, а сега на ред се кломпите. Според модните експерти, овој модел на обувки ќе го гледаме често во наредниот период. Обувките кои имаат специфичен изглед со заоблен горен дел и платформа, најчесто од дрво, се вратија на модната сцена и не планираат да се повлечат од модниот трон.
Во мода ќе бидат монохроматските, но и оние со впечатлив принт. Дизајнерите велат дека можат да се носат во сите прилики, па дури и во комбинација со елегантни фустани.
Овие обувки предизвикаа поделени мислења кога првпат се појавија на модната сцена, откако Карл Лагерфелд ги вметна во својата колекција на Шанел за пролет/лето 2010 година. Пред тоа беа резервирани само за домашната верзија. Но исчезнаа по неколку сезони. Годинава ќе имаат голем кам-бек, а сакале или не, нивната удобност не може да се спори.
Еве како можете да ги носите: