“Клупата на Горан е готова“, вели синот на Стефановски, кој дава гратис копии од култните дела на својот татко

“Клупата на Горан е готова“, вели синот на Стефановски, кој дава гратис копии од култните дела на својот татко

пред 3 години

Синот на славниот драматург, Горан Сефановски, Игор, објави дека клупата на неговиот татко е сосема готова и кај и да е треба да стигне на своето место во Дебар Маало.

Вели :“ Едвај чекам да си дојде на своето предвидено место и да можеме да си седнуваме на неа со него. Е сега, не се знае кога ќе имаме можност да се собереме во Дебар Маало за поставувањето, ама важно е готова“, вели тој.

Осве клупата, Игор кажа дека формирале и Здружение на граѓани за зачувување и промоција на културното наследство на Горан Стефановски . Целта на Здружението е опусот на Горан да биде секогаш на дофат, во различни форми и дигитални.

“Дека он не пишуваше само драми и не мора да си академик за да го разбереш. Па , би сакале бар едно нешто од него постојано да биде во книжарниците во нашата земја, бидејќи тој е еден од оние кај нас кои го заслужуваат тоа. Со цел да го обележиме нашето основање и, еве, да почнеме да го правиме она за кое сме тука, имаме 25 копии од новото издание на култната “Конзервирани Импресии“ на Горан за давање. Во соработка со издавачот Темплум, првите 25. кои ќе отидат на ФБ страницата на Здружението  ќе можат да си подигнат копија од нешто што навистина мора да се прочита“, вели Игор Стефановски.

Share
Scroll to Top