Сликав за 'Келвин Клајн' два дена откако стигнав на Филипини: Моделот Кристијан Стојаноски гради интернационална кариера

Сликав за ‘Келвин Клајн’ два дена откако стигнав на Филипини: Моделот Кристијан Стојаноски гради интернационална кариера

пред 2 години

Македонскиот модел Христијан Стојаноски на почетокот на јули замина да работи на Филипини и веднаш сликаше каталог за светскиот бренд „Келвин Клајн“.

dobivaj vesti na viber

Христијан, кој последните години работеше во Индија, вели дека Филипините се сосема поинаков моден пазар и презадоволен е од условите за работа, особено што за кратко време доби десетина модни ангажмани.

„Требаше да одам во Кина, но поради ковид рестрикциите ми го поништија договорот, па морав да барам алтернатива и нови пазари. По препорака на моја блиска пријателка стапив во контакт со сегашниот менаџер од Филипини, од агенцијата Womenmgt и добив одлична понуда. Поради искуството од Индија брзо се прилагодив на работата, а првото снимање го добив по два дена и тоа за каталог за ‘Келвин Клајн’“, вели Христијан за „Репортер“.

Тој сликаше и за брендот „Чемпион“ и едиторијал за арапското списание „Виктор магазин“. Ни раскажа и дека модниот пазар на Филипини е многу попрофесионален од тој во Индија и дека функционираат сосема поинаку.

„Работата е многу поинтензивна, се снимаат модни кампањи, едиторијали, а тука е и креативноста на целиот тим која на секое снимање кај што бев до сега даваше сè од себе за крајниот производ да е најдобар“, рече Стојановски чија матична агенција е „Моделс ин“ и додаде дека земјата има голем број острови, кои едвај чека да ги посети и да ја истражи државата во која ќе живее следните неколку месеци.

А. Јовановска

Share
Scroll to Top