Ковачевски стуткан, Рама со тренерки, а ни Брнабиќ не остана покусо во модната катастрофа

Ковачевски стуткан, Рама со тренерки, а ни Брнабиќ не остана покусо во модната катастрофа

пред 10 месеци

Една фотографија, илјада зборови. Четворица премиери и еден еврокомесар. Друштвото на фоткава , никако човек да го состави, барем кога е во прашање облеката. Секој со својот стил, ама сите како да утнале. Последните двајца од фотката, можеби се со повеќе вкус, ама нејсе.

И овој пат ова не помина без да ја прашаме модната критичарка The Other Lagerfeld што мисли за стилот на петорката.

Па вели вака: Премиерот, Димитар Ковачевски искомбинира катастрофално избрчкани сиви панталони со тегет блејзер за неколку броја помал и бела кошула со целосно извртена и избрчкана јака. Овој изглед е еден голема утка. Од гужваниците до големините и должините, до самите бои. За разлика од него, Еди Рама се појави во толку опуштени и широки црни панталони што изгледаа буквално како тренерки. И самите знаете дека обожувам мешање на стилови, но комбинација на буквално црни тренерки со екстремно долго бело сако за ваква пригода е едно огромно НЕ! Уште па и тоа што блузата е посветло црна од панталоните. Ужас!

Ана Брнабиќ,  не остана покусо да ме разочара со својота гардероба. Ана облекла обични сиви панталони со кафеав каиш и кремаст блејзер. Одоздола има бела кошула, а кафеавите чевли се одличен додаток за каишот. Едноставно не ми се допаѓаат силуетите и боите на парчињата, не ја истакнуваат фигурата и чинат еден катастрофален изглед. Едноставно ми фали нешто што ќе даде малку по феминистичка енергија во изгледот.

Оливер Вархеји и Дритан Абазовиќ беа единствените коишто се скоцкаа во доста солидни комбинации. Всушност, се појавија во прилично слични изгледи. Темни одела: едниот црно, а другиот тегет, со бели кошули и сини вратоврски. Ова е една класика. Лично, преферирам кога ваквите одела стојат малку по остро и ја пратат линијата на телото во погруба линија. Но, и ова не беше толку лошо.

За Репортер стилот го коментира модната критичарка The Other Lagerfeld

Share
Scroll to Top