„Колдплеј“ ја промовираше новата песна во вселената

„Колдплеј“ ја промовираше новата песна во вселената

пред 3 години

Британскиот бенд „Колдплеј“ новиот сингл Higher Power го промовираа така што го лансираа во вселената. Тие се поврзаа со Меѓународната вселенска станица и разговараа со францускиот астронаут Тома Песке, а потоа ја споделија снимката од нивната нова песна.

„Моментално не сме во можност да свириме никаде на Земјата, па решивме да ви ја отсвириме вам. Ова е како концерт за еден човек“, изјави пејачот Крис Мартин.

Higher Power е првиот сингл од деветтиот албум на „Колдплеј“, што треба да излезе оваа година. Следната недела, групата ќе ја изведе песната во живо на реката Темза во Лондон, на отворањето на Британските музички награди.

Share
Scroll to Top