Конте си заминува од Интер

Конте си заминува од Интер

пред 4 години

Тренерот на Интер, Антонио Конте, ќе го напушти клубот, пренесе денес Gazeta delo Sport. Конте кој оваа година го освои италијанскиот трофеј, според пишувањата на медиумите, ќе го напушти клубот во наредните два дена.

Како причина за заминувањето е наведена одлуката на раководството на клубот да се прекине со досегашната соработка. Медиумите пишуваат дека Конте и клубот немаат исти амбиции и планови за наредната сезона. Конте бил разочаран што клубот отстапува од договорените планови.

Слична информација објави и познатиот новинар Фабрицио Романо. Според новинарот, Конте не се согласува со клупските планови, да бидат продадени одредени фудбалери.

Антонио Конте го презеде Интер во јуни 2019 година, успеал да забележи 64 победи на 102 натпревари.

Доколку навистина замине од клубот, медиумите со Интер поврзуваат неколку тренери: Макс Алегри, Маурицио Сари, Синиша Михајловиќ и Симоне Инзаги.

Share
Scroll to Top