Контроверзенит филм „Cuties“ и покрај заканите кон режисерот во трката за „Оскар“

Контроверзенит филм „Cuties“ и покрај заканите кон режисерот во трката за „Оскар“

пред 3 години

Неколку месеци откако беше прогласен за контроверзен по својата тематика и сексуализираното портретирање на 11-годишно дете, пристигна веста дека тој може да биде номиниран за Оскар. Тој се најде на списокот на пет можни филмови со кои Французите ќе се натпреваруваат за најважната филмска награда. Покрај „Cuties“, се натпреваруваат и „Eté 85“ (Summer Of 85), „ADN (DNA)“, „Two Of Us“ и „Gagarine“.

Францускиот филм „Cuties“ беше критикуван за портретирање на малолетни девојки кои танцуваат оскудно облечени. Главната улога потекнува од муслиманско семејство кое и забранува да го стори тоа, и покрај нејзината голема желба и талент. Филмот беше сфатен како директен удар врз муслиманската заедница, но исто така беше остро осуден за прикажување девојки во такво сексуално опкружување. Иако доби многу високи оценки од критичарите и покажа успех во Франција, режисерот на филмот еднаш доби закани, а се крена прашина и околу најавата за филмот на Нетфликс.

 

Share
Scroll to Top