Српскиот фолк-пејач Ацо Пејовиќ утревечер ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Пејовиќ, кој долги години е на балканската музичка сцена, последниот период е во центарот на вниманието на јавноста, откако ги испеа сите песни за филмот „Тома“, вклучувајќи ја и „Полноќ е“, која за кратко време стана хит.
Неодамна Пејовиќ беше во Скопје за да го најави концертот. Тој тогаш во разговор за „Репортер“ ни откри дека кога е тука ужива во добрата македонска храна и во добрата музика, па не пропушти да седне во скопска кафеана.
„Бев на улицата Боемска во една кафеана. Тројца свирачи ми свиреа, јас пеев со нив. Кога сум тука, сакам да уживам во вашата музика и во добрата храна. Па, така, и без тавче-гравче не си одам“, ни раскажа Пејовиќ.
Организатор на концертот е „Балкан медија“.