Концерт на „Вајтснејк“ во Скопје: Легендарниот бенд оди на проштална турнеја

Концерт на „Вајтснејк“ во Скопје: Легендарниот бенд оди на проштална турнеја

пред 2 години

Легендарниот бенд „Вајтснејк“ а 12 јули 2022 година ќе одржи концерт во Скопје, кој ќе биде дел од нивната светска проштална турнеја. Концертот во организација на Авалон ќе се одржи на стадионот на АРМ.

„Фронтменот на бендот, Дејвид Ковердејл, одлучи во 2022 година да стави крај на ‘Вајтснејк’, а крај без Скопје и Македонија, едноставно не е возможен“, велат организаторите, кои претходно неколку пати организираа концерти на бендот во Македонија, но и на Балканот.

На концертот „Вајтснејк“ ќе ги испеат најголемите хитови со кои пораснаа многу генерации, Here I go again, Is this love, Fool for your loving, Give me all your love  и други.

„Возбудени сме и со радост го очекуваме настапот во Скопје каде што на оваа последна турнеја заедно ќе го славиме наследството на Вајтснејк, кое речиси 50
години ги освојуваше светските топ листи. Благодарен сум што сѐ уште одиме на турнеи низ светот. Сето ова време го уживав и ги славев сите незаборавни моменти со милиони фанови што беа дел од ова исклучително патување и на кое ме поддржуваа во истото. Навистина го сакам заедничкото искуство со моите неверојатни музичари и едноставно ја сакам мојата работа и секогаш ќе ја сакам. Речиси пет декадентни и вкусни децении“, вели Ковердејл по повод прошталната турнеја.

Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба на 24 ноември, а чинат 1500 денари за партер и 2000 денари за фан пит.

Share
Scroll to Top