Коридорите 8 и 10 како стратешка предност – Николоски со порака за развојот на инфраструктурата

Коридорите 8 и 10 како стратешка предност – Николоски со порака за развојот на инфраструктурата

пред 1 час

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, изјави дека Македонија треба да се приклучи на иницијативата на САД „Три мориња“ поради геостратешкиот интерес на државата. Тој нагласи дека Коридорите 8 и 10 обезбедуваат економска предност и регионална безбедност.

„Македонија има многу да понуди и имаме начин како да се приклучиме и да соработуваме. Коридорот 10, најголемиот бизнис коридор во Европа, се сече со вториот по значење безбедносен коридор на НАТО, Коридорот 8. Тие ни даваат подобра поврзаност и геостратешка предност, затоа Владата посветува големо внимание и инвестиции во нивната модернизација“, рече Николоски.

Тој истакна дека Македонија се позиционира како стратешки партнер на САД во регионот, додавајќи дека и стратешките партнерства потпишани со Велика Британија и Унгарија ја потврдуваат значајната улога на земјата во геополитиката.

Share
Scroll to Top