„Мама и тато те сакаат принцезо, ќе го победиш ова“, познат спортист се моли за неговата четиримесечна ќерка која боледува од леукемија

„Мама и тато те сакаат принцезо, ќе го победиш ова“, познат спортист се моли за неговата четиримесечна ќерка која боледува од леукемија

пред 3 години

Поранешниот спортист и реална ѕвезда, 30 годишниот Британец, Ешли Кејн и неговата девојка Софија Вораги, се молат и се надеваат дека брзо ќе најдат донор за нивната четиримесечна ќерка Азајлија Дајмонд, која боледува од леукемија.

Нивната ќерка веќе два месеци се бори со ракот, а Ешли за нејзината состојба, редовно ги известува фановите на социјалните мрежи. Тој на „Инстаграм“ сподели и фотографии со Азајлија.

„Ќе трепнеш и четири месеци поминаа. Не можам да верувам колку порасна. Убаво е да се види како расте и се развива без разлика на ракот и хемотерапијата“, напишал тој.

Тој вели дека горд е што не промашил ниту еден ден, а да не биде без неа. Вели дека секој ден ја гледа, танцувал со неа па и кажувал колку ја сака.

„Не планирам тоа брзо да прекине“, изјавил Ешли.

„Азајлија заврши со втората рунда хемотерапија и сега е во процес на опоравување, со надеж дека ќе многу скоро ќе се најде донор и ќе може да замине на трансплантација“, открил Ешли.

Тој вели дека ова за него било најстрашното и најболно искуство кое го доживеал.

„Дознав дека мојата ќерка има редок и агресивен вид на рак во крвта, кој и создава многу компликации. Мама и тато те сакаат принцезо. Одиме шампионке. Ти го можеш тоа и ќе победиш“, и порачал Ешли.

Share
Scroll to Top