Коњановски: Делото на Светите Кирил и Методиј продолжува да ги води новите генерации

Коњановски: Делото на Светите Кирил и Методиј продолжува да ги води новите генерации

пред 1 час

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“.

Во честитката, Коњановски истакнува дека просветителската дејност и големото дело на светите браќа се патоказ за чување и негување на македонскиот јазик и идентитет, како и темел за развојот на културата и образованието.

„Писменоста е основната алатка преку која се создаваат успешни генерации“, наведува Коњановски во честитката до граѓаните.

Тој посакува празникот да биде потсетник за значењето на знаењето, духовноста и општествените вредности, упатувајќи желби за честит и вековит 24 Мај – Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“.

Share
Scroll to Top