Кралицата бара работник за плата од 26.000 евра годишно

Кралицата бара работник за плата од 26.000 евра годишно

пред 3 години

Кралицата Елизабета бара работник за плата од 26.000 евра годишно. Таа е во потрага по квалитетни работници кои ќе се грижат за нејзината и безбедноста на нејзиното семејство.

Огласот беше објавен по упадот на вооруженото момче во замокот Виндзор. Истиот беше објавен на официјалната веб-страница на кралското семејство „Royal Household“. Од палатата се подготвени да издвојат 26.800 евра годишна плата.

Лицето ќе работи 38 часа и сите 7 дена во неделата.

„Како службеник за безбедност, вашата улога ќе биде да го поддржувате тимот во правењето на палатата Кенсингтон сигурно и безбедно место за работа и посета. Задачите ќе ги вклучуваат традиционалните елементи на контрола на пристап, патролирање, водење евиденција за смени, следење на видеонадзорот, следење на безбедносните системи, отворање и затворање на имотот и подготвеност да им помогнете на нашите посетители на кој било начин да уживаат во незаборавно искуство. Бидејќи тоа е улога на поддршка, вашата шема на смена понекогаш може да биде ад хок и ќе вклучува и дневна и ноќна работа во седумдневна ротација“, пишува во огласот.

„Ова е фантастична можност да станете дел од 300-годишната историја на Кенсингтонската палата и да ни помогнете да ги оживееме нашите фасцинантни приказни за сите наши гости, секој ден“, пишува во огласот за вработување.

ТУКА можете да најдете повеќе детали за огласот за работа.

 

 

Share
Scroll to Top