Кралицата Елизабета стана прабаба 12. пат: Се породи принцезата Беатрис

Кралицата Елизабета стана прабаба 12. пат: Се породи принцезата Беатрис

пред 3 години

Британската кралица Елизабета 12. пат стана прабаба, откако нејзината внука, принцезата Беатрис, роди девојче во саботата, објави Бакингемската палата.

„Нејзиното кралско височество принцезата Беатрис и г-дин Едуардо Мапели со задоволство објавуваат дека нивната ќерка се роди безбедно во болницата Челси и Вестминстер во Лондон во саботата, 18 септември. Бабите, дедовците, прабабите и прадедовците беа информирани и воодушевени од веста. Семејството сака да им се заблагодари на вработените во болницата за нивната прекрасна грижа“, стои во соопштението на Бакингемската палата.

Ова е прво дете на принцезата Братрис, а второ на нејзиниот сопруг, кој има син, Кристофер Волф, од претходната врска.

Бебето е 12. правнук на кралицата, второ родено по смртта на војводата од Единбург. Во јуни, принцот Хари и Меган Маркл ја добија ќерката Лилибет.

Share
Scroll to Top