Кралицата преку „Инстаграм“ ѝ го честита роденденот на Кејт Мидлтон

Кралицата преку „Инстаграм“ ѝ го честита роденденот на Кејт Мидлтон

пред 4 години

Кралицата Елизабета Втора и принцот Филип ѝ го честитаа роденденот на Кејт Мидлтон со фотографии на социјалните мрежи.

Војвотката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон, го прослави 39. роденден, па кралицата Елизабета Втора и принцот Филип објавија фотографии од војвотката под кои напишаа „На војвотката од Кембриџ ѝ посакуваме среќен роденден“.

 

 

Официјалниот инстаграм-профил на палатата Кенсингтон, која ги претставува војвотката Кејт и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, исто така сподели фотографија.

„Ви благодариме за вашите најљубезни желби за роденденот на војвотката. Родендените беа многу поинакви последниве месеци, а нашите мисли продолжуваат да бидат со сите оние што се на првите борбени линии во ова значајно предизвикувачко време“, се вели во нивната објава.

 

Share
Scroll to Top