Британската кралица Елизабета Втора, ја поканила холивудската глумица Анџелина Џоли на чај, пишуваат светските медиуми. Таа има во план да дознае повеќе за проблемите кои ги мачат младите, а прва на нејзината листа која би можела да и помоне е Џоли, пишува New Idea.
„Кралицата е импресионирана од професионаноста на Џоли и работата за добротворни цели. Таа ги замолила своите помошници да договорат состанок со неа. И Анџелина отсекогаш ја почитувала кралицата“, изјавил неименуван извор за New Idea.
Славната глумица и кралица првпат се сретнаа во 2014 година, кога кралицата и ја додели титулата почесна дама. Сега новата средба би можела лошо да влијае на сопругата на Хари, Меган Маркл, која речиси повеќе од една година, се обидува да се сретне со Џоли, открива изворот.
Тој вели дека Меган откако се преселила во САД, се обидувала да стапи во контакт со Џоли, но досега безуспешно.
„Јавна тајна е дека Меган сака да биде како Џоли. Таа е импресионирана од нејзината способност да го комбинира профилот на славна личност со хуманитарните потфати, исто како што тоа некогаш го правеше поранешната принцеза Дајана“, открива изворот.