Кристијано Роналдо сака кариерата да ја заврши на Блискиот Исток, каде што би ги срушил сите рекорди.
„Сакам да играм уште две-три години и кариерата да ја завршам со наполнети 40 години. Мислам дека тоа би бил вистинскиот момент. Ги урнав сите рекорди во Европа, сега сакам тоа да го направам и тука. Овде сум да играм, победувам и да бидам дел од овој клуб и оваа држава“, изјавил Роналдо.
По драмата во Манчестер Јунајтед пред почетокот на Мундијалот во Катар, која заврши со негов отказ и по преселбата во Саудиска Арабија, Кристијано Роналдо речиси секојдневно се поврзува со некој тим кој би му овозможил враќање во Европа, нешто што тој самиот воопшто не го сака.
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња годината ја почна во дресот на саудискиот прволигаш Ал Наср, кој годишно го плаќа 200 милиони долари за да го носи дресот на овој клуб