Кучето на Џо Бајден повторно гризна човек во Белата куќа

Кучето на Џо Бајден повторно гризна човек во Белата куќа

пред 3 години

Германскиот овчар Мејџор на американскиот претседател Џозеф Бајден повторно касна човек во Белата куќа, потврди Мајкл Лароса, гласноговорник на г-ѓа Бајден. Настанот се случил на јужниот тревник на Белата куќа, а бил повреден вработен во Националниот парк.

Ова се случува неполн месец откако кучето гризна човек од обезбедувањето на Белата куќа по што беше вратено во домот на Бајден во Делавер. По барање на претседателот, неговите кучиња сепак беа повторно донесени во Белата куќа.

„Да, Мејџор гризна човек и тој беше прегледан од медицинската служба во Белата куќа. Жртвата не е сериозно повредена и се врати на работа. Кучето на претседателскиот пар сè уште се навикнува на новата средина“, рекол Лароса.

Како што потврди и гласноговорничката на Белата куќа, Џен Псаки, медицинскиот персонал во претседателската резиденција му помагал на повредениот чувар и тој не е сериозно повреден.

Претседателот на Соединетите Американски Држави и неговата сопруга имаат две овчарски кучиња – Чемп, кое има 13 години, и тригодишниот Мејџор. Двете кучиња влегоа во Белата куќа неколку дена откако Бајден ја презеде функцијата претседател во јануари.

Share
Scroll to Top