Кујнски уреди кои многумина не ги чистат, а се легло на зарази

Кујнски уреди кои многумина не ги чистат, а се легло на зарази

пред 3 години

Едно неодамнешно истражување објави поразителни резултати.

Кујната е место каде што домаќинките минуваат доста време, па е неопходно е да ја одржуваме чиста. Меѓутоа во текот на подготовката на храна, нечистотијата и бактериите се собираат и шират.

Но, една студија која ја спровела продавницата за кујнски садови „Oliver’s Kitchen“ (Кујната на Оливер) покажала загрижувачки резултати за хигиената на овој простор во домот, односно за највалканите кујни уреди.

Авторите на истражувањето открија дека многу од кујнските апарати луѓето не ги чистат, а најнечиста меѓу нив е микробрановата. Имено, резултатите покажале дека осум од десет луѓе не ја исчистиле ниту еднаш.

На второ место по нечистотија е рерната која ретко ја чистат дури 69% од луѓето. Третото неславно место го заземаат кујнските крпи кои по зборовите на експертите требало да се менуваат на секои неколку дена. Меѓутоа, 62% од испитаниците не се сложуваат со таа теорија, истакнувајќи дека ретко кога ги перат.

Исто така 48% од луѓето велат дека не го чистат фрижидерот затоа што немало потреба, иако во него се чува храна.

Еден резултат посебно ги изненади авторите на истражувањето – дури 21% од луѓето не ги мијат рацете пред подготовка на јадење, пренесува Метро.

Share
Scroll to Top