На свечена церемонија, претседателот Стево Пендаровски, денес ќе ги одликува музичарите Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитјан со Орден за заслуги за Република Северна Македонија, соопштија од кабинетот на претседателот.
Култната македонска џез-рок група „Леб и сол“ е основана на 1 јануари 1976 година и испиша современата македонска музичка историја.