Легендарниот американски телевизиски водител, Лери Кинг, почина денеска на 87. годишна возраст од коронавирус.
Тој беше хоспитализиран на почетокот на јануари, а веста за смртта ја објавија од неговото продукциско студио „Ора ТВ“.
Кинг беше ветеран на американската телевизија и радио, најпознат по интервјуата со познати личности од сите сфери на животот. Во текот на својата кариера, тој објави неверојатни 60.000 интервјуа.